• Горан Упале
Ватерполо селекцијата на Италија е последниот учесник во полуфиналната фаза од Светското првенство, кое што се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Во последната четвртфинална пресметка домашниот тим беше голем фаворит против „аѕурите“, но не го покажа тоа во базенот и со минимални 10-11 ги заврши своите настапи на планетарниот собир. Италија со негатива ја затвори првата четвртина, но потоа заигра поефикасно и на полувреме замина со предност од еден гол, која ја сочува до крајот на натпреварот.
Во битката за финале, Италија за противник ќе ја има селекцијата на Грција, која што со 16-11 ги совлада Соединетите Американски Држави, додека второто полуфинале го сочинуваат Шпанија и Хрватска.