• Саше Љолес
Репрезентацијата на Италија го забележа вториот триумф на Европското првенство во ватерполо во Белград со победа над Словачка (17-12). Кај Италијанците најдобар стрелец беше Едоардо Ди Сома со четири голови, додека Филипо Фереро, Лоренцо Бруни и Франческо Кондеми постигнаа по три.
Во редовите на Словачка, со три погодоци се истакна Самуел Балаж, а по два постигнаа Лукаш Дурик и Марош Ткач.
Пред оваа средба, Италија во групата имаше и убедлива победа над Турција со 19-8, а Романија со 16-8 ја победи Словачка. Тоа значи дека Италијанците со максимален број бодови продолжуваат понатаму во главната фаза.
Грција беше убедлива во мечот со Словенија и победи со огромни 23-8, додека Хрватска немаше проблеми со Грузија и славеше со конечни 18-7.