Италија и САД ќе се борат за златото во ватерполо во Светската лига

Ватерполо селекциите на Италија и Соединетите американски држави (САД) ќе се обрат за златото во завршницата од Светската лига.

Во денешните полуфинални средби „азурите“ по голема борба со минимални 9-8 славеа над селекцијата на Шпанија, а неизвесно беше и на вториот дуел, на кој САД со 16-15 беa поуспешни од домаќинот Франција.

Големото финале меѓу САД и Италија се игра в среда од 20:00 часот, а претходно во битката за бронзениот медал ќе се сретнат Франција и Шпанија. 

Бранителот на титулата, Црна Гора денес беше поуспешен од Австралија и за петтото место ќе се судри со големиот ривал Србија.