• Горан Упале
Ватерполо селекцијата на Италија е првиот патник во полуфиналето од завршницата во Светската лига, откако одигра фантастична партија против Србија и славеше победа со убедливи 14-7 (3-2, 3-2, 4-2, 4-1).
Ако во првите две четвртини „азурите“ беа за нијанса подобри, во останатите две Италија покажа моќ и го наполни голот на „делфините“.
Во таборот на победничката селекција најрасположени беа Лука Дамонте и Едоардо Ди Сома кои со по три гола. Двапати погодија Џакопо Алесијани и Винченцо Рекуто, додека мрежата на Србија по еднаш ја затресоа Андреа Фондели, Филипо Фереро, Лука Марсијали и Џакомо Канела.
Кај српската репрезентација прв стрелец беше Гаврил Суботиќ со два гола, а по еден постигнаа Петар Велкиќ, Ѓорѓе Вучиниќ, Марко Радуловиќ, Немања Вицо и Василије Мартиновиќ.
Попладнево се играат преостанатите четвртфинални натпревари: Шпанија - Канада, Австралија - САД и Црна Гора - Франција.