• Зоран Мишевски
Фаворитите и уште непоразените селекции во А групата на машкиот ватерполо турнир на Олимписките игри, Италија и Грција без проблеми забележаа победи и заедно со Унгарија останаа во трка за првото место во оваа, на хартија, нешто полесна група.
Италијанската селекција, водена од ѕвездите на Про Реко и искусниот селектор Кампана, го декласираа јапонскиот состав со 16-8 (5-0, 3-3, 3-1, 5-4). Бодегас и Фиљоли со по три погодоци беа најефикасни во победничкиот состав, а Аикарди и Фигари постигнаа по два гола.
Уште поубедливи беа Грците, кои го надиграа најслабиот ватерполо тим на турнирот, Јужна Африка со 28-5 (7-1, 5-2, 7-1, 9-1).
Италија и Грција со по седум бода се на врвот, а ги следи Унгарија која има шест. Последното петто коло од групната фаза се игра в понеделник кога ќе бидат познати и четвртфиналните парови.
Олимпиското злато од пред пет години го брани селекцијата на Србија.