Италија и Грција максимални, Хрватска остана во игра за полуфинале

Ватерполистите на Хрватска ја победија Романија (17-9) и останаа во игра за полуфиналето преку групата Ф на Европското првенство во Белград. „Баракудите“ на две рунди пред крајот имаат по три бода помалку од Италија и Грција. 

Италијанците избегнаа сензација и славеа против Грузија со 16-14. Со тоа се одржаа на групот во групата. 

Победа забележа и Грција во Белград, која беше убедлива со 20-8 против Турција.