• Сашо Поповски
Репрезентацијата на Италија е нов светски шампион во ватерполо, откако полесно од очекуваното го доби денешното финале против Шпанија 10-5 (2-2, 3-1, 3-1, 2-1).
„Азурите“ стигнаа до четвртиот златен медал на Светските првенства и се одлепија од конкуренцијата на вечната листа најуспешни нации.
Шпанците одржуваа резултатски приклучок само во првата четвртина, а потоа во остатокот од мечот беа целосно надиграни. Противникот ги доби сите три преостанати периоди и на крај заслужено се израдува на убедливата победа.
Фиљоли, Аикарди и Долче беа најефикасни во победничката селекција на Сандро Кампања. Италија ја враќа титулата во своите раце по пауза од осум години. Шпанските ватерполисти, пак, го загубија второто финале во низа во кое учествуваа.
Следното Светско првенство во ватерполо ќе се одржи по две години во Фукуока.