• Зоран Мишевски
Италијанската ватерполо репрезентација како да е претплатена на драми и пресврти во групната фаза на олимпискииот турнир. По ремито со Грција, со фуриозна последна четвртина „аѕурите“ на Кампања ги совладаа Американците со 12-11 (2-4, 3-3, 3-2, 4-2).
Италија имаше четири гола негатива, па на две минути пред крајот губеше и со 10-11, но Ди Фулвио постигна два гола и донесе победа. Најдобриот италијански ватерполист блесна со пет погодоци и со оваа победа Италија се наоѓа многу блиску до четвртфиналето.
Унгарија со рекордни 23-1 ја победи Јужна Африка, а Шпанија остана максимална со победата над Казахстан со 16-4.
Во преостанатите три натпревари од третото коло претпладнево играат Хрватска - Црна Гора, Грција - Јапонија и Србија - Австралија.