Историски подвиг: Србија го доби дуелот на „вечните“ и го освои третото олимписко злато во низа

Репрезентацијата на Србија влезе во историјата на Олимписките игри како втора селекција која успеала трипати во низа да дојде до златниот медал, откако во финалниот натпревар славеше над вечниот ривал, Хрватска, со конечен резултат 13-10. 

„Орлите“ одлично го започнаа мечот и создадоа пристојна предност уште во првата четвртина, која ја заверија со резултат 5-2. Хрватите делуваа малку загубено на стартот, но потоа успеаја во егал да ги одиграат следните два периоди. 

Србија влезе со истата позитива во последната четвртина и не дозволи никакво изненадување до крајот, со што успеа да го завери триумфот со конечни 13-10 и да го освои третиот последователен златен медал од Олимписките игри.

Најдобар поединец во победничкиот тим беше Милош Чук со три гола, а по два додадоа Никола Дедовиќ и Никола Јакшиќ, додека кај Хрватска три погодоци постигна Јерко Мариниќ Крагиќ.