• Мартин Танасковски
Грчката ватерполо репрезентација ја победи Италија со резултат од 12-5 (1-4, 1-3, 2-3, 1-2) во борбата за третото место на Европското првенство во Белград.
Избраниците на Тодорос Влахос вечерва ја испишаа историјата на грчкото ватерполо бидејќи го освоија првиот медал на европските првенства во историјата на националниот тим.
Најдобар стрелец во редовите на Грција беше Аргиропулос кој го заврши натпреварот со четири гола, додека Фереро и Кондеми беа најдобри во италијанската репрезентација со по два гола.
Финалето на Европското првенство во Белград е на програмата вечерва од 20:30 часот кога се среќаваат Србија и Унгарија.