• Зоран Мишевски
Хрватска ватерполо репреентација го освои златниот медал на Европа Купот во ватерполо, кој заврши овој викенд во Ријека. „Баракудите“ синоќа ја победија Шпанија со 12-9 и го комплетираа турнирот со максимален број на победи.
Лорен Фатовиќ, кој постигна шест погодоци беше најдобар поединец во финалето, а во шпанската репрезентација Мунариз постигна три гола.
Бронзениот медал го освои Италија, која во малото финале ја победи Србија со 10-9. Од петтата до осмата позиција се класифицираа Црна Гора, Унгарија, Грција и Франција.