Хрватски Југ го освои Суперкупот на Европа во ватерполо

Југ

Хрватскиот ватерполо клуб Југ е освојувач на европскиот Суперкуп, откако денес ја совладаа Бреша од Италија со 10-4 (2-0, 2-0, 3-0, 3-4).

Ватерполистите на Југ одиграа една доминантна партија во која не им доѕволија на противниците да се радуваат на гол се до почетокот на четвртата четвртина, кога Хрватите имаа водство од 7-0. 

Успешната година на хрватскиот ватерполо клуб, кој претходно ги освои хрватското првенство и Куп, регионалната лига и Лигата на Шампионите, е заокружена со победа во Суперкупот.