Хрватската јавност бесна: Ватерполистите намерно загубија за да ја избегнат Србија?

СРАМОТА, КАЛКУЛАНТИ, НАМЕРЕН ПОРАЗ се термините кои ги употребуваат хрватските медиуми откако ватерполистите на оваа земја забележаа срамен пораз од Франција. Аутсајдерот славеше победа од 9-8, а со тоа Хрватска не заврши на првото место во Б групата и избегна дуел со соседот, Србија. 

Сепак, ватерполистите на Хрватска ги демантираа сите овие обвинувања, велејќи дека нема ништо спорно во нивниот пораз.

„Беше досаден и неквалитетен натпревар. Причината за тоа е што повеќе играчи добија одмор, а некои не настапија поради ситна повреда“, изјавил Јосип Павиќ, а на овие зборови се надоврза и Маро Јоковиќ кој вели: „Сите размислувавме за натпреварите од втората фаза, тоа е вистина, сите бевме насочени кој четвртфиналниот дуел. Мене ми е сеедно против кого ќе играме, бидејќи на овој турнир ја покажавме нашата сила. Во групата имавме тешки противници, но не попуштивме и бевме супериорни“.

Па по овој пораз, намерен или не, Хрватска во четвртфиналето ќе се сретне со Бразил, додека Србија за продолжување на турнирот ќе се бори со Шпанија.