• Саше Љолес
Репрезентацијата на Хрватска загуби во последното коло од групата А на Европското првенство, откако беше совладана од Црна Гора по подобро изведување пенали (15-13).
Резултатот во регуларното време заврши нерешено (11-11), а Црногорците се покажаа како поумешни во пенал-рулетот и славеа триумф над домаќинот на континенталниот собир, за кого ова беше прв пораз во групната фаза.
„Коцкестите“ започнаа добро и водеа со 4-2 по првата четвртина, но потоа Црна Гора успеа да се врати во игра и на крајот славеше со конечни 15-13. Иако вечерва среќата не беше на нивна страна, Хрватите успеаја да се пласираат меѓу осумте најдобри и како второпласирани од својата група ќе патуваат во разигрувањето за највисок пласман на Европското првенство.
Најефикасни кај Хрватска беа Јерко Крагиќ и Марко Жувела со по три голови, додека кај Црна Гора најрасположен беше Ѓуро Радовиќ, кој имаше ист учинок како своите хрватски колеги.