• Мартин Танасковски

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска одигра реми против Грција (5-5) во клучниот натпревар во групната фаза во битката за четвртфинале и како лидер патува во следната рунда на Европското првенство кое го игра на домашен терен.
Хрватите се спасуваа во мечот и по драма обезбедија лидерска позиција која ги води една фаза напред. До ремито популарните „баракуди“ дојдоа со добрата игра во третата четвртина, во која се спасуваа од 0-2 негатива.
Во четвртфиналето патува и Италија со победа над Црна Гора во директната пресметка (13-8). Во групата Ц, прва заврши Шпанија, додека во групата Д лидер е Унгарија со три победи на три средби.
Во првата нокаут-фаза на ЕП во ватерполо патуваат Црна Гора и Грузија (група А), Грција и Франција (група Б), Холандија и Романија (група Ц) и Србија и Израел (група Д).
- НОКАУТ-ФАЗА, ЕП:
Црна Гора - Романија (победникот игра со Унгарија)
Грција - Израел (победникот игра со Шпанија)
Грузија - Холандија (победникот игра со Хрватска)
Франција - Србија (победникот игра со Италија)