Хрватска пак ја надигра Србија и ќе се бори со Шпанија за златото во Европа Купот

Хрватска и Шпанија ќе играат во финалето на Европа Купот, натпреварување кое се одржува во Ријека. Светските прваци од Будимпешта, Хрватите ја продолжија позитивната серија и пак ја победија фаворизираната Србија, овој пат со 8-7.

Хрватите се надминаа себеси и се вратија од 1-4 и со головите на Лорен Фатовиќ и Анте Вукичевиќ стигнаа до финалето. Ова е трета последователна победа на хрватските „баракуди“ против српските „делфини“.

Противник на Хрватска во финалето ќе биде Шпанија, која беше подобра од Италија во мечот за првото место во Б групата. Натпреварите од Европа Купот ги следеа скоро 2.000 гледачи на базенот во Ријека.