• Саше Љолес
На Европското првенство во ватерполо кое се игра во Белград, Италија обезбеди место во полуфиналето откако во клучниот дуел од втората фаза ја победи репрезентацијата на Хрватска со 13-10.
Хрватска имаше одличен почеток и поведе со 4-2 по првата четвртина, но потоа изгуби контрола во средината на натпреварот, дозволувајќи им на Италијанците да се вратат во игра и на крајот да извојуваат победа. Со оваа победа, „аѕурите“ обезбедија пласман меѓу четирите најдобри тимови на континентот.
Поради овој резултат, Хрватска ќе игра за пласман од петтото до осмото место, почнувајќи со мечот против Шпанија во четврток навечер.
Во полуфиналето, Италија ќе се соочи со домаќинот Србија. Овој дуел е закажан за петок од 20:30 часот, и се очекува да биде еден од најинтересните мечеви на турнирот.