• Горан Упале

По голема борба, трилер завршница и атомско ватерполо, хрватските ватерполисти успеаја да ја симнат од тронот моќната Унгарија и со победата од 10-9 (3-3, 1-0, 4-4, 2-2), станаa нови европски шампиони.
Хрватите во поголемиот дел од финалето беа во водство, а во самиот финиш Унгарија не искористи напад со играч повеќе за реми и продолжение, па славјето во Сплит можеше да започне.
Головите за Хрватска ги постигнаа: Констанин Харков и Рино Буриќ по три, Јерко Мариниќ Крагиќ два, Андрија Башиќ и Иван Крапиќ по еден. За Унгарија погодија Шилард Јаншик и Ерик Молнар по два, Кристијан Манхерц, Акос Конарик, Ѓорѓо Заланки, Тони Немет и Чаба Вигвари по еден.
Бронзениот медал го освои селекцијата на Шпанија, која по драма ја совлада Италија со 7-6.