Хрватска ја изненади Унгарија и закажа „Ју-класик“ во финалето со Србија

Ватерполистите на Хрватска се пласираа во финалето на Олимписките игри, откако во полуфиналето ги совладаа Унгарците со 9-8.

„Баракудите“ на тој начин закажаа „Ју-класик“ за златниот медал против ватерполистите на Србија, кои претходно попладнево ја совладаа селекцијата на Соединетите Американски Држави со 10-6.

Клучна четвртина на натпреварот беше втората, во која Хрватска успеа да се одлепи на два гола разлика и до крајот искусно да го сочува тоа водство. Првиот квартал заврши со 3-3, третиот со 2-2, додека во последниот Унгарија беше поуспешна со 1-0.

Најзаслужни за триумфот беа Лорен Фатовиќ кој постигна пет гола и голманот Марко Бијач со десет одбрани,

Финалето на турнирот во ватерполо е закажано за в недела во 14:00 часот.