Хрватска ја елиминира Грција, Унгарија закажа дуел со Црна Гора

Ватерполо селекцијата на Хрватска триумфираше во дуелот против Грција со 14-11 и си обезбеди полуфинална виза и средба против Шпанија на Европскиот шампионат во Будимпешта. „Баракудите“ уште на стартот ја разбија одбраната на Грците и направија недостижна предност. Најефикасен играч на средбата беше Маро Јоковиќ со четири погодоци, а со по три следеа Врлиќ, Хави Гарсија и Влахополус. 

Двата тима одиграа ефектни први осум минути, по кои Хрватска имаше предност од 6-3, а веќе до полувремето само ја потврди предноста со 4-3 (10-6). Следеше период на консолидирање на грчката екипа и веќе по паузата, нашите соседи заиграа подобро. Сепак, немаа сили и, иако одиграа 3-3, па ги добија последните осум минути со 1-2, тоа беше премалку. 

Претходно своето место меѓу четирите најдобри го потврди и домаќинот Унгарија, која славеше во мечот против Русија со 14-10. Домаќините имаа минимална предност на стартот, предност која ја одржуваа во текот на дуелот. Во третиот период ја зголемија позитивата на два гола, а во последните осум минути целосно ја разбија руската репрезентација. Унгарците во полуфиналето ќе се сретнат против изненадувањето Црна Гора.