• Мартин Танасковски
Ватерполистите на Хрватска и Србија ќе играат за трофеј во Светската лига, во меч кој е закажан во Белград.
Хрватите во полуфиналето беа подобри од Шпанија со 10-8, додека Србија лесно ја надигра Австралија, совладувајќи ја со 16-11.
Финалето ќе се игра в недела од 16:45 часот. Победникот ќе добие „двојна награда“, затоа што покрај трофеј во Светската лига, ќе обезбеди место и на Летните Олимписки Игри во 2020 година во Токио.
Србија и Хрватска ќе играат меѓу себе вторпат во Белград оваа недела, а претходно, двете селекции играа во рамки на групната фаза и мечот заврши со драматична победа на Србија во последната минута (11-10).