Хрватска го победи Бразил и закажа полуфинале со репрезентацијата на Црна Гора

Хрватска ватерполо

Актуелниот олимписки шампион, репрезентацијата на Хрватска ја оправда фаворитската улога и го совлада домаќинот Бразил со 10-6 (3-2, 4-1, 1-3. 2-0).

Хрватите започнаа фуриозно и веќе на полувреме обезбедија огромна предност, која беше недостижна за домаќинот. Шпанскиот ватерполист, кој игра во репрезентацијата на Хрватска, Хавиер Гарсија беше двоен стрелец во првиот дел, за да донесе водство од 7-3 за „коцкестите“. До крајот предноста остана иста за конечна победа на Хрватска од 10-6. Најзаслужни за победата беа Јоковиќ и Гарсија со по три гола.

Во полуфиналето, олимпискиот шампион од Лондон ќе се сретне со репрезентацијата на Црна Гора, која претходно ја елиминираше Унгарија по пенал рулетот.