Хрватска го доби дербито со Црна Гора и обезбеди втора фаза на СП во Сингапур

Хрватската ватерполо репрезентација извојува победа над Црна Гора во второто коло од групната фаза на Светското првенство, кое се игра во Сингапур. Конечниот резултат од возбудливиот натпревар на двете поранешни југословенски држави беше 13-11. Хрватска со овие бодови обезбеди пласман во втората фаза, но сè уште не знае од кое место. Ќе дознае по натпреварот со Грција, кој го игра в среда во 11:35 часот.

Натпреварот помеѓу Хрватска и Црна Гора беше израмнет до самиот крај. Првото полувреме заврши со нерешен резултат (5-5), а во вториот дел се играше атрактивно и Хрватска беше за нијанса поквалитетна и на крај заслужено се радуваше на нова победа.

Лука Букиќ беше најдобар стрелец на хрватската селекција со три гола. Лорен Фатовиќ и Константин Харков постигнаа по два. Василије Радовиќ и Душан Баничевиќ впишаа по три гола за Црногорците. Хрватска моментално е прва во групата со шест бода. Грција и Црна Гора имаат по три бода, додека Кина е последна, без бодови и без шанси за продолжување во елиминационата фаза.

ФОТО/PHOTO: WPOLO Montenegro