Хрватска - Германија е последниот четвртфинален пар на СП

Германија

Како и што се очекуваше, Германија ја декласира Јужна Африка 25-5 (5-2, 9-0, 6-1, 5-2) и последна обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство.

Фаворитот сериозно пристапи на мечот и си поигра со противникот уште во првото полувреме. Остатокот од мечот го одигра рутински, но не застана во офанзива, па го наполни голот на јужноафриканците.

Пречка пред полуфиналето за германските ватерполисти ќе биде репрезентацијата на Хрватска.

Сите четири четвртфинални натпревари се закажни за два дена.