• Иван Димовски

Хрватска ја доби довербата и ќе биде домаќин на Европското првенство во ватерполо кое ќе се одржи од 4 до 16 јануари 2024 година.
Хрватите дадоа согласност на владата во оваа земја, а како домаќини ги предложија Загреб и Дубровник. Овој предлог беше усвоен во седиштето на ЛЕН, па Хрватска го доби домаќинството и организацијата на овој турнир.
Веќе е одлучено групната фаза да се одржи во Загреб и Дубровник. Втората фаза и пресметките за медали ќе се играат во Загреб, додека натпреварите за пласман од 9. до 16. место ќе се одржат во Дубровник.