• Зоран Мишевски
Сандро Сукно официјално e нов тренер на црногорскиот ватерполо клуб Приморац. Некогаш најдобриот играч на светот, вчера потпиша договор со клубот од Котор.
„Официјално се договоривме и станав тренер на Приморац, што ме прави исклучително среќен. Предводени од претседателот Јановиќ, се движиме кон сериозна организација, затоа што Приморац заслужува да се врати на старите патеки, кога беше пред десет години европски шампион“, истакна Сукно.
Легендарниот хрватски е избор на претседателот Млаѓан Јановиќ и спортскиот директор Антонио Петровиќ.
„Во договор со спортскиот директор Антонио Петровиќ, проценивме дека Сукно е вистинскиот избор. Веруваме дека покрај сериозната и посветена работа, дополнителен стимул за младиот тим ќе биде фактот дека тие имаат ватерполо легенда како тренер“, рече претседателот.
Во својата кариера, која ја прекина минатата година, поради здравствени проблеми, Сукно играше за Југ, Приморје и Про Реко.