Хрватот се извини: Жалам што му удрив бокс на Филиповиќ!

Репрезентацијата на Србија го освои златото во ватепроло, а до мечот за трофеј дојде преку лутиот ривал Хрватска, кого го совлада во полуфиналето. Натпреварот во Шпанија го одбележа и еден неспортски момент, кога Лорен Фатовиќ од Хрватска му удри бокс на Филип Филиповиќ.

По еден дуел за топка во вториот период од мечот, ватерполистот на „коцкестите“ го удри капитенот на Србија со бокс в лице, а по големиот спортски настан испрати јавно извинување за крајно неспортскиот потег.

„Навистина такво нешто не ми беше потребно. Жалам што го удрив противникот. Се извинив по мечот, сега сакам да се извинам пак. Бев во онаа „жолта минута“ и направив непотребен гест. Се извинувам на сите што го видоа тоа. Нема место за такви работи во спортот“, вели Фатовиќ.

Србија во финалето на финалето на Европското првенство во ватерполо беше подобра од домаќинот Шпанија, додека Хрватска ја освои бронзата откако во мечот за третото место ја совлада Италија.