Хрватот Сандро Сукно е најдобар ватерполист за 2017 година

Сандро Сукно

Хрватскиот капитен, Сандро Сукно беше избран за најдобар ватерполист за изминатата 2017 година во избор направен од страна на специјалниот портал „Total Waterpolo“.

Тој се надоврза на светската титула освоена на овогодишниот Мундијал во Унгарија, каде Хрватска ја победи домашната екипа во финалето за втора светска титула во својата историја. Во изборот учествуваа најдобрите светски тренери и спортски новинари. Дури 10 од 13 гласови од тренерите завршија зад името на Хрватот.

Сукно ја освои наградата пред српскиот репрезентативец, Андрија Прлаиновиќ и голманот на унгарската репрезентација, Виктор Наџи.

Исто така беше избрана и најдобара екипа, во која покрај Сандро Сукно, место најдоа уште и неговите колеги Лука Лончар, Чави Гарсија, Андро Бушље, Србинот Андрија Прлаиновиќ и двајцата унгарски претставници, Виктор Наџи и Мартон Вамос.