Хрватите со втора победа на ЕП, ефикасно реми на Шпанија и Унгарија

Унгарија Шпанија

Хрватските ватерполисти го добија дербито во групата А против Црна Гора (11-10) и ја запишаа втората победа на Европското првенство.

Триумфот на Хрватска беше најавен уште по првиот дел во кој постигнаа шест, а примија само три гола. Одбраната беше на ниво и најзаслужна за одличното водство во завршницата, кое достигна највисоки +5.

Црногорците се вратија во игра на стартот од последниот период. Врзаа пет гола во низа и израмнија на 10-10. На крај се одлучуваше во последните моменти, а тогаш Хрватите постигнаа погодок за победа и се израдуваа на минималец.

Колото го одбележа и ремито меѓу гигантите Шпанија и Унгарија (11-11) во рамки од групата Ц, како и рутинската победа на Италија во дуелот со Франција (10-7).