Хрватите со лесна група во квалификациите на Светската лига

Актуелните светски шампиони, ватерполистите на Хрватска, најдоа место во групата Б во квалификациите на Светската лига, заедно со Германија и Русија.

Во групата А ќе играат Србија, Црна Гора и Романија, додека во групата Ц ќе се надигруваат Шпанија, Унгарија и Холандија. Победниците од секоја група ќе се пласираат на завршниот турнир кој ќе се одржи во јуни наредната година, во Токио.

Шампион од минатата година е Србија за која тоа беше 11. титула во ова натрпеварување.