Хрватите освоија бронза на СП, Унгарија немоќна во малото финале

Во реприза од финалето пред две години, Хрватска ја победи Унгарија 10-7 (2-1, 2-2, 2-2, 4-2) во борбата за третото место на Светското првенство во Гвангжу.

Популарните „баракуди“ одново се закитија со медал на големите натпреварувања. Тие одиграа на високо ниво на почетокот и на крајот, за конечна победа во малото финале против унгарската репрезентација.

Унгарците тргнаа солидно и поведоа, но потоа пропуштија неколку зицери за да ја зголемат предноста. Се играше израмнето до последниот квартал во кој блесна Марo Јоковиќ. Најдобриот поединец во редовите на Хрватска го заврши мечот со шест погодоци и беше херој во мечот за трето место.

Големото финале се игра во 11:30 часот, а силите ќе ги одмерат Шпанија и Италија.