• Зоран Мишевски
Во очекување на машкото финале меѓу Унгарија и Грција, светското ватерполо го доби новиот светски првак во женска конкуренција. Репрезентацијата на Холандија по подобро изведување на петерци ја совладаа Шпанија со 17-16 (резултатот во регуларниот дел беше 12-12) и го освои златниот медал.
„Лалињата“ ги добија сите натпревари и заслужено се светски прваци.
Третото место го освои Италија, која во четвртфиналето приреди изненадување и ја совлада селекцијата на Соединетите Американски Држави. Шпанките на 15 секунди до крајот се изборија за пенали, но сепак титулата замина во Холандија по подобро изведување на казнени удари.
За Холандија ова не втора светска круна, откако беа шампионки во 1991 година.