• Саше Љолес

Женската репрезентација на Холандија е првиот патник во големото финале од Светското првенство во ватерполо, откако славеше победа над соодветната селекција на Италија со 8-7 (4-2, 2-3, 2-2, 1-1).
Холанѓанките покажаа дека се во одлична форма, а како клучна за победата се покажа првата четвртина која ја добија со два поена разлика. Италијанките се обидоа да се вратат во натпреварот и беа близу до израмнување, но сепак нивните напори беа недоволни за пласман во финалето.
Италија ќе се бори за бронзениот медал и ќе игра против поразениот од дуелот помеѓу Австралија и Шпанија, додека Холандија ќе го чека победникот од истиот дуел во големото финале.
Светското првенство во пливање и ватерполо ма ФИНА се одржува во јапонскиот град Фукуока.