• Иван Димовски

Одбојкарската репрезентација на Грција се радува на победа во третото коло на Олимписките игри, со 13-11 против Соединетите Американски Држави.
Трилер дуелот му припадна на еврпскиот фаворит кој дојде до третата победа и остана во игра за првото место во групата. Се играше доста израмнет дуел во Сент Денис, а на крајот подобри беа Грците.
Првата четвртина беше целосно израмнета (4-4), а до полувремето Грција успеа да дојде до гол предност и 7-6 на одморот. Во продолжението и третата четвртина нашиот јужен сосед ја доби со 4-3, за последната четвртина да заврши нерешено (2-2).
Грците ја задржаа предноста и славеа, доаѓајќи до осум бода во групата откако запишаа две победи и една победа по пенали која носи два, наместо три бода.