• Иван Димовски

Ватерполо репрезентацијата на Грција одигра според планот и се пласира во четвртфиналето на Европското првенство, откако во првата нокаут рунда ја совлада Холандија со 15-10.
„Лалињата“ парираа во првите шест минути, меѓутоа тогаш почна периодот во кој Грците се одлепија. Со подобра игра поведоа во неколку наврати со по пет гола разлика, токму како и конечниот резултат.
Во четвртфиналето Грците одат на мегдан со домаќинот Хрватска. Овој полуфинален пар вкрстува со подобриот од дуелот на Србија и Унгарија.