Грција преку Хрватска до бронзен медал на СП

Грција е освојувач на бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо, кое оваа година се одржува во Будимпешта.

Грчките ватерполисти запишаа победа над Хрватска во „малото финале“ со 9-7 (1-0, 4-3, 3-2, 1-2). Натпреварот започна неефикасно и со еден погодок во првата четвртина. Затоа потоа следуваше експлозија на двете страни, со седум погодоци пред паузата.

Грците постојано имаа контрола врз резултатот. „Баракудите“ бркаа негатива во текот на цел меч, а на крај примија погодок за три гола негатива, кој се покажа како клучен на денешната средба.

Најефикасен во грчката селекција беше Какарис со три погодоци, додека кај избраниците на селекторот Туцек се издвои Букиќ со два гола.

Финалната пресметка ќе донесе дуел меѓу Италија и Шпанија.