• Иван Димовски
Ватерполистите на Грција го освоија бронзениот медал на Светското првенство во Сингапур, откако ја декласираа Србија со огромни 16-7.
Олимпискиот првак важеше за благ фаворит пред „малото финале“, меѓутоа Грците ги „удавија“ Србите во борбата за медал.
По израмнетиот старт и нерешените 2-2 во првата четвртина следуваше најдобриот период во играта на Грција. Втората четвртина ја добија без примен гол, а беа и најефикасни со 6-0. Откако веќе стекнаа висока предност во вториот дел играа мирно. Србите парираа во третиот период и одиграа егал (3-3), ама го загубија и последниот со 5-2 за огромен пораз.
Во финалето во Сингапур за златниот медал ќе се борат Шпанија и Унгарија.
ФОТО/PHOTO: World Aquatics/Twitter