• Мартин Танасковски
Селекциите на Грција и Хрватска го одиграа балканското дерби на Европското првенство (ЕП) во ватерполо во Белград, а заврши со триумф на „хелените“ (11-10).
Дуелот на двете непоразени селекции во групата понуди неизвесност до крајот, а Хрватите не успеаја да искористат напад за нерешено со играч повеќе. Со поразот од Грција, Хрватска пренесе три бода во вториот круг како второпласирана, додека Грција оди понатаму со четири.
Италија која е една од кандидатите за медал покажа моќ и очекувано со двоцифрена разлика ја порази Романија (20-6). Романците беа конкурентни само во вториот период кој го загубија со еден разлика, другите беа во висока негатива. Италија оди исто така понатаму со максимален учинок.
Први победи во групната фаза забележаа селекциите на Грузија и Турција и со нив дојдоа до место во следната фаза, но без бодови. Грузијците беа убедливи против Словенците кои ги совладаа со 22-11, додека Турција во тесен меч беше подобра од Словачка со 17-16.
ФОТО: European Aquatics Water Polo / X