• Зоран Мишевски

Ватерполо репрезентацијата на Грција го направи најголемото изненадување на Светското првенство кое се одржува во Будимпешта, откако во четвртфиналето извојува победа против Црна Гора со 12-7 (1-0, 5-2, 4-1, 2-4).
Фунтулис со 4 гола беше нерешлива енигма за Црногорците, а нашиот јужен сосед одигра и далеку подобра одбрана од противникот. Грците за влез во финалето ќе се борат со поуспешниот од третото четвртфинале меѓу Унгарија и Русија.
Бранителот на титулата Србија без проблеми ја преслуша селекцијата на Австралија со 15-5 (4-1, 4-2, 4-1, 3-0). Ривал на селекцијата водена од Савиќ ќе биде подобриот од дуелот Хрватска - Италија, меч кој почнува од 22.00 часот.