Голеада во натпреварот за бронза: Унгарија преку Грција до третото место

Ватерполистите на Унгарија стигнаа до третото место на ЕП во Србија, победувајќи ја репрезентацијата на Грција со 13-10 (4-2, 4-2, 2-1, 3-5).

Унгарците заслужено стигнаа до уште еден медал на големите натпреварувања. Во текот на целиот натпревар, тие беа подобар противник. Водството не го испуштија во ниту еден момент, а највисоката предност изнесуваше +5. Георги Вамос постигна три гола за Унгарија, додека за Грција најефикасен беше Ангелос Влачополус со четири. 

Ова е шеста бронза за Унгарците, а титула на Европско првенство немаат освоено од 1999 година.