ВИДЕО: Гол „а ла Меси“ во ватерполо - Грузиец си асистираше со нога за ефектен погодок

Партизан

Ватерполо екипата на Партизан доживеа дебакл во Сплит и беше поразена со 18-6 од тимот на Јадран. Резултатот од овој меч беше без резултатско значење со оглед на шансите на српскиот прволигаш за пласман на „фајнал-фор“ турнирот.

Тоа им дозволи на ватерполистите да играат опуштено, па и да покажат по некоја егзибиција. Онаа која што предизвика најмногу реакција кај публиката беше во режија на Давид Кикаишвили од Партизан.

Грузиецот беше во небрана позиција, па реши сам да си асистира со нога и топката да ја префрли преку својот чувар, за на крај да ја заврши акцијата со ефектен погодок.

Во продолжение уживајте на мајсторијата на ватерполистот на белградски Партизан: