• Иван Димовски

Новата гарнитура на Техничкиот ватерполо комитет при ФИНА донесе одлука за значителни промени во овој спорт. Секако, не се менува технички играта, туку се допрецизираат некои моменти.
Вкупно седум нови правила ќе стапат на сила во базените ширум Европа од први јануарии 2023 година.
- Воведување предност во акција. Судијата ќе може да сочека при досудување на петерец со оставање на предност. Претходно при предност, судиите не можеа да покажат најстрога казна.
- При изведување пенал, по еден играч мора да биде оддалечен од изведувачот на три метри, а останатите на линијата од шест.
- Казна за голман и изведувач за грешки при изведување петерец. Голманот мора да остане на линија, по две опомени го менува играч од базенот кој не смее да брани со две раце. Во овој случај има помош од ВАР.
- Се менува правилото на два метри. Ќе се гледа просторот од два метри пред гол линијата, како и по два метри од двете стативи.
- Се укинува терминот „бруталити“, се воведува терминот „насилна акција“. Казна за ист тип автоматски се зголемува од една, на две средби неиграње.
- Гол ќе биде признат кога ниту еден дел од топката не е пред гол линијата. Претходно беше доволно само дел од топката да ја мине линијата.
- Во последна минута судија може да реагира за губење време, кога играч од противничка половина ќе врати топка до голманот.
Овие промени се со цел да се делува врз квалитетот на играта, да се добие фер и коректност во сите ситуации.