• Зоран Мишевски

Изведувањето на пенали го даде новиот европски првак во ватерполо. Во многу драматично финале, кое се играше во Хановер, унгарскиот шампион Ференцварош извојува победа над Олимпијакос со 14-13 (3-1, 5-4, 2-2, 0-3. 4-3).
Кога се чинеше дека Ференцварош лесно ќе го приведе финалниот дуел кон крајот, Грците одиграа феноменален последен период и со три неодговорени гола стигнаа до пенал-драма. Во ударите од пет метри Ференцварош имаше повеќе среќа и стигна до победа од 14-13.
Во малото финале италијанскиот првак Про Реко извојува победа над Барселонета со 8-7 (3-3, 2-3, 1-1, 2-0). Петтото место го освои Спорт Менаџмент од Италија, откако го совлада домашниот Хановер со 10-8, а седми на крајот заврши Југ од Дубровник по победата над Бреша со 13-12.
Новата сезона во Лигата на шампионите во ватерполо почнува во октомври 2019 година.