• Зоран Мишевски

Европа ќе добие нов шампион во ватерполо, откако ланскиот првак Солнок од Унгарија е елиминиран уште во четвртфиналето. Денешниот почеток на Ф8 турнирот во Џенова значеше тотален колапс на унгарските тимови и победа на Про Реко во италијанското дерби.
Четвртфинале:
Олимпијакос - Шпандау 6-5
Егер - Барселонета 4-9
Југ - Солнок 9-8
Про Реко - Бреша 12-10
Полуфинале:
Олимпијакос - Барселонета
Југ - Про Реко
Финалето се игра в сабота попладне, а сите билети се распродадени.