Џенова ќе биде домаќин на завршниот Ф6 на Лигата на шампионите во ватерполо

Европската ватерполо федерација ЛЕН го одреди италијанскиот град Џенова како организатор на завршниот турнир (фајнал-сикс) на Лигата на шампионите во ватерполо. По две завршни изданија во Будимпешта, италијанскиот гигант Про Реко ќе биде организатор на овој турнир.

Петта година по ред ватерполо Лигата на шампионите наместо завршен турнир со четири, се трансформира со шест екипи, а бранител на титулата е унгарски Солнок.

Подоцна во јули оваа година во Барселона ќе се одржи Европското првенство во Барселона.