• Зоран Мишевски
Италија со два претставници во полуфиналето се наоѓа многу блиску до европска титула во ватерполо, откако првиот ден од завршниот турнир на Лигата на шампионите во Белград мина без изненадувања.
Про Реко и Југ од Дубровник го одиграа најдраматичниот дуел, од кои како победници излегоа Италијанците.
Четвртфинале:
Про Реко - Хановер 16-9
Ференцварош - Марсеј 14-9
Југ - Бреша 10-12
Барселонета - Олимпијакос 22-9
Во полуфиналето, кое се игра во текот на утрешниот ден, се среќаваат Про Реко - Барселонета и Бреша - Ференцварош.