• Зоран Мишевски

Домашната селекција ја исполни целта и ќе игра во финалето на Европското првенство во ватерполо во Барселона. Шпанија по многу пресврти ја совлада Италија со 8-7 (1-1., 3-2, 1-3, 3-1). Дуелот се одигра пред полн базен и 5.000 луѓе го прославија големиот успех и пласманот во финалето.
26/07 Highlights -
️
Semifinals @RFEN_directo @FINOfficial_ pic.twitter.com/v39haUso8T
— LEN EuropeanAquatics (@LENaquatics) July 26, 2018
Откако италијанските ватерполисти започна со гол на капитенот Фиљоли, следеше период на фантастична шпанска одбрана. Домашната селекција 12 минути не прими гол, а бековите дадоа четири. Сепак, во последните две минути од втората четвртина Јониче со два гола комплетно ги врати „азурите“ во натпреварот, намалувајќи на 4-3.
Италијанците продолжија со подобра игра и Де Фулвио со серија на голови и асистенции донесе пресврт и водство од 7-5. Но, домашната селекција не се предаваше и со нов бран на голови со човек повеќе стигна до 7-7. Кога Фран Фернандез Миранда исплива контра и постигна ефектен гол, во последната минута домашната селекција поведе со 8-7.
Во последниот напад Италија упати удар преку Гало, топката од дирекот и шпанскиот голман се одби на замислената гол линија, но судиите не досудија погодок за израмнување.
Најефикасни во шпанската селекција со по два гола беа Тауљ и Гуељ, а кај Италијанците се истакна Ди Фулвио со три гола. Во финалето в сабота навечер во Барселона ќе играат Србија и Шпанија.