ДОМИНАЦИЈА: Србија во ватерполо не е совладана скоро четири години

Ватерполо репрезентацијата на Србија во неизвесна завршница успеа да ја совлада Италија во финалето на Светската лига со 9-8 и освои ново злато од големите натпреварувања. Но, она што е уште поважно е што Србија и понатаму остана владетел во ватероло спортот, каде не е поразена веќе три години, 10 месеци и 23 дена.

Последен пат кога Србија не била дел од едно финале е на Светското првенство во 2013 година, во кое Унгарија ја совлада Црна Гора. Токму Црна Гора ја елиминира Србија во четвртфиналето на Светското првенство.

Од тој момент започнува доминацијата на избраниците на селекторот Дејан Савиќ, кои врвот го достигнаа со триумфот на Олимписките игри, а злато освоија и на Светското првенство, Европското првенство, Светскиот Куп и двапати победија во Светската лига. Со овие успеси репрезентацијата на Србија може да се спореди со доминацијата на „дрим“-тимот на САД во кошарката.