• Зоран Мишевски
Специјализираниот портал „Тотал ватерполо“ го избра идеалниот тим во годината која е зад нас Франческо ди Фулвио е избран за најдобар играч во 2022 година и имаше свое место во идеалниот тим. Новинарите му дадоа доверба на хрватскиот голман Марко Бијач.
Алваро Гранадос и Герго Заланки се на најдобри крилата. На бековските позиции избрани се Ди Фулвио, Силард Јаншик и Фелипе Пероне. Италијанецот веќе ја освои титулата за најдобар играч во 2022 година, па логично беше да биде во идеалниот состав. Позицијата среден бек му припадна на Јаншик. Уште еден унгарски ватерполист, кој зад себе има одлична сезона во Ференцварош, клуб со кој ја освои титулата унгарски шампион и играше полуфинале во Лигата на шампионите. Бековската линија ја комплетираше Шпанецот Пероне. Тој е роден Бразилец и по две сребра и бронза конечно успеа да се искачи на светскиот врв со шпанскиот тим, а својата класа ја покажа на последниот натпревар од најквалитетното натпреварување, во кој постигна шест гола против крагуевачки Раднички.
Идеалниот состав го комплетира центарот Јосип Врлиќ. Ватерполистот од Крагуевац беше еден од најзаслужните што хрватската репрезентација стана шампион на Европа.