• Мартин Танасковски
Ватерполистите на Србија се пласираа во полуфиналето на турнирот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) со перфектна победа над Италија. „Делфините“ блеснаа во базенот и славеа со 10-6 против актуелниот светски првак.
Одбраната на Србите беше одлична против Црна Гора, додека против Италија функционираа сите параметри на тимот, од голман па се до напад. Доказ за добрата игра на Србија е податокот дека дури и со двајца ватерполисти помалку, кои во еден момент од мечот беа исклучени, Италија не успеа да ја стресе мрежата на противникот.
Следен ривал за Србија на олимпислиот турнир е селекцијата на Шпанија, додека во второто полуфинале се наоѓаат Грција и Хрватска/Унгарија.
Полуфиналињата на ватерполо турнирот на програмата се в петок.